Пронајдени остатоци од брод со богатство од 17 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Шпанската едрилица Сан Хосе, која потнала во Карипското море недалеку од брегот на Колумбија пред повеќе од 300 години, пронајдена е пред три години со помош на подводно автономно возило со кое управувал Океанографскиот институт Вудс Хол (WHOI), за прв пат објави денеска агенцијата.

– Не зборувавме за тоа од почитување кон колумбиската влада, изјавил Роб Мунијер потпретседател на WHOI за морски објекти и операции.

Точната локација на остатоците од Сан Хосе кој често се нарекува „свет грал“, долго се сметани за еден од најголемите поморски мистерии, пренесува АП.

Сан Хосе, во текот на битките со британските бродови во време на Војната за шанското наследство, 8. јуни 1708 година, потонал со 600 патници и членови на екипажот, како и со злато, сребро и смарагди.

Богатството на едрилицата се проценува на 17 милијарди долари и предмет на правен спор на неколку нации и приватни компании.

Пред неколку дена УНЕСКО ја повика Колумбија комерцијално да не ги екслопатира остатоците, чија точна локација е државна тајна.

Засега тоа богатство лежи недопрено на морското дно, наведува АП.

Leave a Reply