Веќе навикнавме насекаде околу себе да гледаме девојки во кратки маици кои го покажуваат стомакот, но кога тоа ќе го направат двајца мажи, притоа телевизиски лица, првата реакција секако е смеењето.
Презентерите на емисијата „Good Morning Britain“, Џо Свош и Алекс Бересфорд, одлучиле временската прогноза во Британија да ја претсават облечени во кратки бели маички.
Е вака се презентираат време и хороскоп на ТВ „Мајами“ (ВИДЕО)
Loading...
Позирајќи пред камерите Свош и Бересфорд со насмевка која едвај успеваат да ја контролираат, ги покажаа своите стомачни мускули.
Иако најавените временски услови не биле особено поволни, симпатичните водители на гледачите дефинитивно им го разубавиле денот.