Двајца астронаути од Обединетите Арапски Емирати ќе се придружат на Меѓународната вселенска станица следната година, објави на Твитер шеикот Мухамед вин Рашид Ал Мактум.
Хаза ал Мансури и Султан ал Најади ќе бидат првите астронати од Голфскиот залив на Меѓународната вселенска станица.
Loading...
Обединетите Арапски Емирати имаат големи амбиции по прашањето на вселенската програма, која е се уште во развој.
ОАЕ планираат во октомври од Јапонија да го лансираат својот прв сателит „Калифасат“.
Исто така, од Емиратите најавуваат и колонизација на Марс до 2117. година.