Со прочистување на водата од канализација, Швеѓаните успеале да направат пиво. Велат дека е исто како она од Плзен.
– Не можевме да одолееме на предизвикот, рекол претставникот на пивара објаснувајќи дека се одлучиле да направат нов производ, кој, како што сметаат ќе ја подигне светска за глобалниот проблем за недостаток на вода за пиење.
РАЈ ЗА ПИЈАНИЦИ: Се отовра првиот хотел со пивски појадок и купка во пиво (ВИДЕО)
Loading...
„Pu:rest“ е првото шведско пиво настанато од пречистена канализациска вода, а го произведува стокхолмската пивара „Нија Карнегибрегерит“ во соработка со шведскиот Институ за животна средина. Необичното издание на еден од омилените пијалаци во светот направено е во надеж дека тоа ќе ја подигне свеста за тоа дека на планетата нема доволно вода за пиење и дека е неопходна технологија за пречистување на отпадните води која би ја претворила во она која ќе потече од водоводот. Според тврдењата на креаторите на пиво од отпадни води, идејата е да се избегнат предрасудите, затоа што многумина и натаму се скептици кога е во прашање пречистената отпадна вода, и покрај современата технологија која тоа го чини совршено.
Водата која е состојна на новото пиво е од локација за пречистување на отпадна вода која е под контрола на шведскиот Институт за животна средина и користи низа бројни мерки за пречистување. По ригорозните тестови за квалитет, водата е испорача во пиварницата, каде, како што велат, по четири недели, „пивото како плзенското“ здогледало светлост на денот.
Крист Тургесон од шведскат апиварница рекол дека компанијата не можела да одолее на предизвикот кога се соочила со предлогот од Институтот за животна средина. Според неговите зборови, било природно да се проба пивото „Pu:rest“, кое компанијата го опишува како органско и кристално чисто.
Во неговиот квалитет љубителите на пиво во Шведска ќе може да се уверат веќе од јули. Станува збор за ограничена количина на Pu:rest која ќе може да се купи во продавниците за алкохолни пијалаци „Системболагет“ а пивото од канализација ќе може да се проба и во одредени пабови и на тамошните фестивали, како што е „Вкусот на Стокхолм“.
Веста за новото пиво, секако, не можете да мине без интересни и духовити коментари во јавноста.