Американците направија пиво со вкус на солзавец

Сподели со своите пријатели

Американската пиварница „Dogfish Head“ позната по тоа што неретко користи интересни состојки во производството на пиво, од свинско па се до метеори од Месечината.

Овие пивски авантуристи се здружиле со компанијата „Mace Security International“ која се занимава со безбедност, и создале од името „In Your Mace“ (англ. mace – жезло), а кое има вкус на солзавец.

– Од оваа пиво дефинитивно ќе ви трнат устата. Затоа што веројатно никој од вас ниту во сон не би помислил дека солзавецот би можел да биде добар вкус за пивото, истакнуваат од пиварницата.

https://instagram.com/p/Bep9TIDBcaf/?utm_source=ig_embed

Loading...

Невообиаченото пиво направено е со биберспреј, кој е составен дел од солзавецот, каок еден од главните. Тој содржи и супстанца oleoresin capsucum, активна состојка на бибер спрејот.

– Работата на солзавец пвото е една од најзабавните соработки кои досега сме ги имале. Многу сме горди на креацијата која ја направивме со нашите пријатели од „Mace Security“, изјавил креаторот на пивото Сем Калагион.

Во продажба ќе се најдат само 200 шишиња од солзавец пвото од 750 милилитри.

Вистинските љубители на пвото ќе може да пробаат и точена верзија, но само во пиварницата во Милтон, Делавер, каде пивото се произведува.

Leave a Reply