Како едноставно и лесно да ја исчистите вашата пегла за алишта?

Сподели со своите пријатели

Малку домаќинку можат да се пофалат со тоа дека редовно ја чистат својата пегла, а би требало, доколку не сакаат на овој важен домашен апарат да се наталожи каменец, а на неговата плоча тврдокорни дамки. Апаратот ќе ви трае подолго, а и пеглањето на почувствилна ткаенина ќе оди полесно.

За да избегнете создавање на каменец за пеглање користете исклучиво дестилирана вода.

Чистењето на плочата е најдобро да го направите додека пеглата е се уште топла. На пример, можете со пегла да преминете влажен пешкир или преку парче алуминиумска фолија.

Ова се најголемите грешки кои ги правиме при пеглањето алишта

Loading...

Се советува со пеглата да преминет еи преку хартија од весник на која ќе ставите растително масло, а потоа преку чист пешкир.

Во случај на симнување на тврдокорни наслаги формирани од синтетички материјали мора да биедте поупорни. Користете паста за чистење или плочата од пегла тријте ја нежно со жичана волна.

На самиот крај, истријте со сода бикарбона. За да спречите формирање на каменецот, најдобро е веднаш по употребата, додека пеглата на пареа се уште е топла, од неа да ја испразните водата.

Leave a Reply