Поради скандал заменик директорот на УНИЦЕФ си поднесе оставка

Сподели со своите пријатели

Заменик директорот на УНИЦЕФ, Џастин Форсајт денеска си поднесе оставка наведувајќи дека не сака неговите грешки од минатото да нанесат штета на таа организација или другите хуманитарни тела.

Организацијата „Спасете ги децата“ од Велика британија претходно изрази загриженост поради недоличните коментари на Форсајт и однесувањето од 2011. и 2015. година кога бил на чело на таа организација, пренесува АП.

Во двата слуачи Форсајт се извинил на жените кои биле погодени од неговото однесување.

Тој денеска објасни едка оставката не ја поднел поради грешките од минатото затоа што пред многу години потоа била спроведена пропишана процедура која се завршила со неговото извинување.

Форсајт рекол дека изнесувањето на тие минати грешки сега претставува обид да се нанесе сериозна штета на хуманитарните напори и борбата што тој сака да го спречи.

Leave a Reply