КООСНОВАЧОТ НА БИТКОИН: Ги продадов сите биткоини, бескорисни се

Сподели со своите пријатели

Емил Олденберг, коосновачот на Биткоинот, ги продал сите свои биткоини и притоа ги нарече бескорисни.

Олденберт, шеф на технологијата на страницата Bitcoin.com вели дека се работи за најризичната инвестиција во која можете да влезете, пренесува Unilad повикувајќи се на шведската страница Breakit.

БИТКОИН: Ако во 2010 година вложевте 100 долари, денеска ќе имавте 250 милиони

Loading...

Коосновачот на Биткоин, за Breakit, објаснува зошто повеќе не верува во оваа криптовалута.

– Станува збор за екстремно висок ризик. Ги продадов сите свои биткоини и биткоинот го префрлив во кеш. Префрлувањето на биткоинот на берза и од неа многу чини. Кога ги продадов своите биткоини, морав само да платам 50 американски долари и да чекам 12 часа за да се изврши трансакцијата, рекол Олденберг.

Ако Биткоин беше држава, тогаш таа ќе беше помеѓу најбогатите во светот