Пред три години Ерик Финман од американскиот град Ајдахо се обложил со родителите дека нема да мора да студира доколку стане милионер до своето полнолетство. Го напуштил училиштето и учел од доа.
Добив обложување од милион долари со своите родители. Благодарен сум им на сите – објавил осумнаесетгодишниот Ерик на социјалните мрежи.
Неговата необична приказна започнала во 2011 година кога имал 12 години. Од баба му добил илјада долари, а Ерик тие пари ги вложил во „биткоин“, дигитална виртуелна валута, креирана и чувана електронски.
Се користи з акупување во електронска форма и во таа смисла не се разликува ниту од една друга валута. На идеја за вложување дошол постариот брат Скот.
Не го сакав училиштето. Деновите ги минував играјќи видео игри. Колку и да се обидував немав успех, добивав тројки и бев исплашен затоа што моите наставници на моите школски неуспеси гледаа како на нешто лошо. Еден од нив ми рече дека никогаш нема да бидат успешен и дека ќе се вработам во „Мекдоналдс“ – вели Ерик.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.