19-годишник и малолетничка нападнале и ограбиле кумановец на плоштадот

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишник и малолетничка вчеравечер првин нападнале, па ограбиле едно лице на плоштадот во Куманово.

– На 12.11.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода Р.А.(19) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19:00 часот на Плоштад „Маршал Тито“ во Куманово, заедно со 14-годишна малолетничка, со употреба на сила му одзеле пари на М.Ц.(46) од Куманово, при што му нанеле телесна повреда, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започнува реконструкција на улицата „425“ кон Тромеѓа, автобуската линија ќе сообраќа по изменета траса

Никола Ивановски