Нобеловците против Биткоин: Треба да се забрани!

Сподели со своите пријатели

Додека успешните бизнисмени и Нобеловци ја критикуваат познатата криптовалута, биткоин на пазарот достигна вредност од 11.000 долари.

Најтешката проценка дојде од Нобеловецот Џозев Штиглиц кој вели дека биткоинот би требал да се забрани.

– Биткоинот е успешен само поради потенцијалите кои ги има поради анонимноста, рекол Штиглиц, додавајќи дека криптовалутата не е ни социјално корисна.

Ако Биткоин беше држава, тогаш таа ќе беше помеѓу најбогатите во светот

Loading...

Роберт Шилер, исто така Нобеловец, апелира на инвеститорите да бидат внимателни затоа што биктоинот нема поддршка од влада, ниту финансиски регулатори.

– Тоа е така прекрасна приказна. Уште само кога би била вистинита, рекол на една конференција во Литванија.

Директорот на „Голдмен Сакс“ Лојд Бланкфен вели дека валутата е исклучиво средство за измама. Додека милијардерот Карл Икан тврди дека се работи за „меурче“.

Меѓутоа, сите критики не успеваат да го спречат растот на биткоинот оваа недела кој руши рекорди. петок заврши со вредност од 10.700 долари, а од почетокот на годината вредноста на оваа криптовалута се зголеми за неверојатни 900 отсто.

БИТКОИН: Ако во 2010 година вложевте 100 долари, денеска ќе имавте 250 милиони

На неговиот рапиден раст не одмага ниту Меѓународниот моентарен фонд кој предупредува дека криптовалутите би требало примерно да се регулираат, а бараат и супервизија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.