Биткоинот сруши нов рекорд – вредност од 8.500 долари

Сподели со своите пријатели

Дигиталната валута биткоин постави нов рекорд откако нејзината вредност надмина 8.500 долари. Тоа претставува јакнење од 850 отсто оваа година.

Ноември беше променлив месец за биткоинот.

Кон почетокот на месецот, цената на дигиталната валута падна на 5.500 долари. Биткоинот се врати во живот откако берзата во Чикаго најави дека ќе започне да тргува со дитигалната валута со „фјучерс“ договори.

Тинејџер стана првиот „биткоин“ милионер

Loading...

Биткоинот исто така е зајакнат благодарение на интересот на меѓународните инвеститори. Интерес покажале компании како што се „Goldman Sachs“ i „City group“.

Биткоинот годината ја започна со вредност од само 1.000 долари.