На кумановските гимназијалци им е потребен вашиот глас – поддржете ги во натпреварот „Средношколец Милионер“

Сподели со своите пријатели

Младите кумановци имаат идеја што може да го промени начинот на кој учат идните генерации, а сега им е потребна поддршката од граѓаните за да направат чекор поблиску до нејзината реализација.

Тим од млади гимназијалци од Куманово учествува на натпреварот „Средношколец Милионер“ со „Школски“ – иновативна дигитална образовна платформа чија цел е учењето да го направи полесно, поинтересно и подостапно за секој ученик.

Нивната идеја предвидува развој на веб-страница и мобилна апликација преку кои учениците ќе имаат пристап до наставни материјали усогласени со македонските наставни програми, анимирани едукативни видеа, интерактивни квизови, врсничко туторство и можност за приватни часови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Променливо време со засилен ветер

Особено значаен дел од проектот е посветен на учениците со различни образовни потреби, со цел да се создадат услови за поинклузивно образование и еднакви можности за учење.

Но, за оваа идеја да добие можност да продолжи понатаму во натпреварот, на младите кумановци им е потребна вашата поддршка. Затоа, секој глас е важен!

Да покажеме дека го поддржуваме трудот, креативноста и претприемачкиот дух на младите од нашиот град. Да им помогнеме нивната идеја да добие поголема видливост и шанса да прерасне во проект од кој корист ќе имаат многу ученици.

Гласајте за „Школски“ и бидете дел од поддршката за младите кумановци!

ПРОЧИТАЈТЕ И:  19-годишник и малолетничка нападнале и ограбиле кумановец на плоштадот

ГЛАСАЈТЕ ТУКА!