Ако Биткоин беше држава, тогаш таа ќе беше помеѓу најбогатите во светот

Сподели со своите пријатели

Вредноста на Биткоинот во оптег, откако криптовалутата надмина ниво од 10.000 долари, изнесува преку 170 милијарди долари, што надминува одредени водечки светски компании, па дури и држави.

Биткоинот сега е повреден од банката „Citygroup“ чија пазарна вредност изнесува 165 милијади долари, IBM вреди 164 милијарди, потоа банката HSBC која тежи 162 милијарди и „Пепсија“ која вреди над 160 милијарди долари, spored listata kompanii PwC на која се рангирани 100 најголеми светски компании.

Виртуелната валута, како се додава, значително е повредна и од Унилевер (149 милијарди долари; „Мастеркард“ (121 милијарда долари) и „Сименс“ (117 милијарди долари).

БИТКОИН: Ако во 2010 година вложевте 100 долари, денеска ќе имавте 250 милиони

Loading...

Доколку пазарната вредност од капитализацијата на биткоинот се спореди со бруто домашниот производ на одредени земји, тогаш неговата вредност го надминува БДП на Алжир (156 милијарди долари) и Катар (152 милијарди долари).

Ако оваа криптовалута зајакне за уште 250 долари ќе стане повредна и од БДП на Ирак.

Кога биткоин би бил држава, истата би била 53-та најбогата во светот.