Конечната вредност на биткоинот ќе достигне неверојатна вредност

Сподели со своите пријатели

Биткоин неодамна достигна најголема вредност од над 19.000 долари, а независниот аналитичар Рони Моас сугерира дека популарната криптовалута би можела да достигне 400.000 долари во блиска иднина.

Според неговите зборови, биткоинот веќе е во пораст од преку 500 отсто откако аналитичарот препорача во јули, а се очекува дека за исто толкав процент од сега ќе порасне валутата.

БИТКОИН: Ако во 2010 година вложевте 100 долари, денеска ќе имавте 250 милиони

Loading...

– Крајната вредност на биткоинот е од околу 300.000 долари до 400.000 долари по мое мислење, а ова ќе му овозможи да биде највредната валута во светот, истакнува Моас.

Тој исто така истакнува дека ќе постојат преку 300 милиони луѓе во светот кои ќе се обидат да дојдат до неколку милиони биткоини колку што моментално ги има во оптег. Оваа неусогласеност во достапните количини и побраувачката ќе доведат до големо зголемување на цената за биткоинот во иднина.