Седумдесет и шестгодишник вчера удрил во 54-годишна жена пешак во Куманово, која притоа се здобила со тешки телсни повреди, по што избегал.
– На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Братство Единство“ и ул.„Доне Божинов“ во Куманово, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Б.В. од с.Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, удрило во 54-годишната В.А. од Куманово и го напуштил местото, но набргу е пронајден во близина на местото на несреќата, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Притоа, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобила В.А., констатирани во Општа болница Куманово.
– Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.
Никола Ивановски

