Супервукланите на Земјата, од Везув до Кракатуа, предизвикувале глобални уништувања низ историјата, но тоа не е ништо во споредба со експлозиите кои претстојат, предупредуваат научниците.
Според нивните тврдења идните ерупции би можеле да ја втурнат Зејата во серија „години без лета“. Истражувачите направиле проекции селедјќи ги вулканските активности и нивните досегашни зачестености, со посебно внимание на катаклизмичките ерупции, како онаа во Индонезија во април 1815 година.
https://youtu.be/_iEGkWiqWhs
Откриле дека последиците, доколку таква ерупција се случи во 2085 година, би биле катастрофални, со поголем глобален пад на температурата. Тие објаснуваат дека најголема разлика би направила изменетата состојба на океаните.
Океаните имаат голема улога во ублажувањето, но истовремено и во продолжувањето на површинското ладење, вели предводникот на студијата др. Џон Фасуло. Откако постои метеоролошката документација, 1816 година била најбизарната од сите години. Наречена е „година без лето“, со многу невообичаени временски услови.
По пет децении мирување вулкан се заканува да го уништи туристичкиот рај (видео)
Имено, ако јануари и февруари биле донекаде студени, во март започнало страшно заладување. ВО април и мај дождот не престанал да паѓа. Во јуни и јули секојдневно имало мраз, а во Њујорк паднал половина метар снег. Европа била погодена од огромно невреме, а бројни реки биле излеани од своите корита.
Сето тоа нанело огромни штети на земјоделството ширум светот, а цената на храната двојно се зголемила. Иако целата планета била во чудо и упорно очекувала лето кое не пристигнало, туку дошла зима, па есен, па зима, но немало објаснување за таквата појава.
Loading...