Ги симнала тапетите од ѕидот и открила тајна сокриена 50 години (видео)

Сподели со своите пријатели

Дона Хари отсекогаш ја сакала својата куќа во Шарлоствил во Канада, но дури неодамна открила тајна сокриена меѓу своите ѕидови, а која со децении не ја забележала.

Таа работела на реновирањето на својот дом, кога го средувала ходникот, забележала дека дел од тапетата е искинат и одлучила да ја симне од ѕидот. Откако живее тука, прв пат го гледала ѕидот зад тапетите.

Работник поправал клима во куќата, па пронашол врата на тајна соба (видео)

Не размислувала за него се додека не забележала нешто чудно. Изгледало како ракопис на ѕидот. Тогаш повлекла дел од тапетата и гледала се повеќе и повеќе зборови кои се појавуваат. Откако ги извадиле целите тапети и станало јасно.

Дона била изненадена како нешто такво можело да биде сокриено од неа толку години. А кога прочитала што пишува, сфатила дека пораката пила упатена кон неа.

– Во своето последно сведочење, јас, Кирил Беверли Армстронг, овој пат изјавувам дека оваа куќа беше вистинско задоволство. Мојот татко ХБ, мајката ЕГ, браќата Најџел и Мајкл, моите сестри Венди, Дафне и Хедер исто така го делат моето мислење. Би сакал новата генерација семсјства во целост да доживее вистинско уживање во овој дом. моето срце го чини исполнето кога гледам дека предност има постар дом од новиот. Доме слатки доме.

Неверојатно: Го проширувал подрумот па открил подземен град за 20.000 луѓе (фото)

Сопствениката била воодушевена од напишаните борови и тогаш сфатила дека таа куќа е вистински дом. Во договр со телевизијата CBS го пронашла Кирил и го довела во куќата. Тој изјавил дека не очекувал дека напишаните зборови ќе останат, но дека му е драго и дека тоа бил типичен тој кога бил помлад.