Неверојатно: Го проширувал подрумот па открил подземен град за 20.000 луѓе (фото)

Сподели со своите пријатели

Еден Турчин од Кападокија заминал да го проширува подрумот во својата куќа кога случајно открил пдоземен град Деринкува.

Рушејќи еден ѕид открил тајна соба споена со тунел кој водел до таен и древен подземен град кој се протегал низ длабочина од 85 метри.

Во него пред околу 2.000 години живееле околу 20.000 луѓе, а интересно е што подземниот град е еднакво компелексен каок и оние на површината, пишува „Дејли мејл“.

 

Loading...

 

Градот имал кујни, штали, цркви, гробници, подруми, заеднички простории и училишта.

Имал околу 600 влезови, а тешките камени врата можеле да ги запечатат влезовите на секое ниво посебно и да ги задржат жителите на безбедно од разбојници и непријатели.