Кога на кучето ќе му „загусти“ на состанокот на државните секретари и претседателот на Франција (видео)

Сподели со своите пријатели

Миленикот на Макрон, кој уринираше покрај каминот во Елисејската палата додека францускиот претседател држеше говор со тројца државни секретари во таа просторија, предизвика општа смеа кај присутните.

Трепки од 12 сантиметри и 83-годишен билдер во Гинисовата книга на рекорди (видео)

Изгледа дека се работи за нешто многу важно, рекол шегувајќи се претседателот на Франција, Емануел Макрон откако Немо, неговото куче, ја крена ногата пред каминот за време на состанокот.

– Дали тоа често се случува – праша еден од тројцата државни секретари.

– Не, вели претседателот на Франција и со со насмевка додадека дека постителите покренале кај кучето невообичаено однесување, наведува телевизијата LSI која емитувала кратко видео на кое Немо се шета низ просторијата за време на состанокот, доаѓа кај Макрон кој го милува по главата и притоа оди до каминот.

ПРЕСМЕШНО: Вака изгледа кога кучето е љубоморно (видео)

Немо е двегодишен црн лабрадор кој дошол во Елисејската палата кон крајот на август како домашен миленик на Марконови. Немо го замени Филе, кучето на претходниот претседател Франсоа Оланд, кој го задржа и по истекот на мандатот.

Скоро сите француски претедатели имале кучиња во текот на мандатите и тоа претежно лабрадори.

https://youtu.be/eBS4HXZLzl4