Британските научници пронашле лек кој би можел да им помогне на жените заболени од рак на јајници, пренесува ВВС.
Лекот познат под називот ONX-0801 има скоро моментално дејство, но се уште е во фаза на испитување за да се утврди дали е безбеден за луѓето.
Загадувањето е главниот предизвикувач на ракот на белите дробови, дојката и простатата
ONX-0801 ги имитира способностите на фолна киселина да се врзат за ракот и не го допира здравото ткиво, со што се намалуваат пропратните ефекти од хемотерапијата, како што се инфекции, дијареја, оштетени нерви и губиток на коса.
Резултатот кој го видовме во оваа студија е многу ветувачки – изјавил др. Удаи Бенери кој ја водел студијата.
Лекот покажал позитивни резултати кај седум од 15 тестирани жени.
Немав друг избор, се чувствував како ова да е едиснтвената опција за мене изјавила Меријех Хит, една од пациентките која добила рак.
Рецепт за лек против рак кој го споделуваат илјадници луѓе (видео)