Loading...
Студијата објавена во магазинот „Цел“ открива дека стареењето е тесно поврзано со работата на метаболизмот, поради што за нашиот изглед е важно она што го јадеме.
Научниците тврдат дека стареењето е одредено со работата на нашиот метаболизам, односно процесот при кој телото го претвора она што го јадеме во енергија, пренесува „Спутник“.
Како старееме, метаболизмот се успорува поради што доаѓа до престанување на работата на одредени клетки во телото, а тоа може да го уназади нашето здравје.
Млади Босанци докажуваат дека во поранешна Југославија се било подобро (видео)
Иако стареењето не може да се спречи постои начин тој процес да се успори. Со оглед дека метаболизмот е тесно поврзан со нашата исхраната, баш таму се крие клучот.
„Западниот начин на живот“ е она што научниците го идентификуваат како најголем забрзувач на стареењето. Го карактеризира исхрана богата со калории со претерана количина на маснотии и белковини, но ограничена количина на здрава исхрана.
На забрзаното стареењет влијае и изложеноста на токсини од околината, како и седечкиот начин на живот, па тоа се работи кои треба да ги избегнувате ако сакате да го продолжиле својот младешки изглед на кожата.
-
Три основни правила за подобрување на здравјето и продолжување на младешкиот изглед:
-
Придржување до медитеранскиот начин на исхрана
-
Ограничување на калории при конзумирање оброци
-
Редовно вежбање.