Како турбо фолкот ја уништува младината? (видео)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи се појави видео кое покажува споредба на она што децата во минатото го пееле не детски фестивали и натпреварувања, но и она што денес го пеат во емисиите на „Гранд“.

Секако станува збор за дел од српската турбо фолк пропаганда, но полека и Македонија потпаѓа под истата. Типичен пример е што секое мало дете знаее да ја испее „Бела циганка“ што е застрашувачки.

Сетете се на времето кога децата растеа со песничките на „Златно славејче“, а гледаа „Наше Маало“, „Бушава азбука“ и „Во светот на бајките“, па споредете со она што денес го слушаат – турбо фолк кич и ријалити шоу програми со прост речник, пцовки, караници, тепања и секс сцени во сред бел ден.