Ако разговарате сами со себе, тоа не е знак на лудило, туку на здрав разум, тврдат британските психолози.
Ако наутро сте се разбудиле немотивирани и на глас сте рекле: „Ајде, стани и оди на работа‟, тоа не е ништо необично, посебно ако сте соочени со состојба поради која сте нервозни.
Имено, многу луѓе имаат внатрешен глас, тој кој ве води, поттикнува и пофалува, но и кој ви се смее. Тој глас останува во нашите глави речиси цело време, но повремено, а не сте свесни за тоа, таа мисла ја изговарате гласно.
Постојат неколку научни објаснувања зошто доаѓа до тоа, а во книгата „My Stroke of Insight‟ како основна причина за тоа зошто разговараме сами со себе, се наведува дека тоа не е никаков знак на лудило, туку начин на кој на мозокот му давате конкретни упатства и наредби и мозокот така станува повеќе фокусиран.
Психолозите наведуваат дека тоа е говор кој автоматски го користиме уште од раното детство. Децата, истакнаа психолозите, често зборуваат сами со себе и тоа инстинктивно, што е еден од начините на кој учат.
Меѓутоа, нашата околина, поради незнаење, како деца не замолчуваат и ни велат да не зборуваме сами со себе, токму поради верувањето дека се работи за некое нарушување.