Слушањето утрински вести лошо влијае на психата

Сподели со своите пријатели

Лошите вести кои ќе ги слушнеме наутро директно го поткопуваат нашиот работен елан па со самото тоа и нашата продуктивност на работа, а не прават и депресивни. Истражувачите советуваат да не вклучуваме радио или телевизија кога ќе се разбудиме.

Loading...

Едно американско истражување, објавено во списанието Харвард бизнис ривју, открива дека конзумирањето негативни информации не прави депресивни и полаку продуктивни.

На радио, информативните канали, апликации, весници, други и социјалните мрежи – секоаде сме изложени на вести кои негативно влијаат доколку веднаш се залетиме кон нив рано наутро.

Научниците поделиле 110 конзуматори на утрински вести во две групи од кои една по будењето веднаш слушала 10 минутни депримирачки вести, додека другата во текот на три минути пратила позитивни информации.

Шест часа подоцна, секој од учесниците во експериментот одговорил прашалник за да се утврди дали и колку се стресиран, односно спокоен.

Тестот покажал дека личностите изложени на лоши вибрации имаат 27% повеќе шанси во текот на денот да бидат депримирани или под стрес. Истражувачите не препорачуваат да се откажеме од слушање вести туку додека ситуацијата не се стабилизира во општеството да се префрлиме на позитивни станици и канали.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.