Летното сметање на времето е штетно?

Сподели со своите пријатели

Поместувањето на часовникот за еден час нанапред во теот на летните месеци, што е вообичаена пракса во Европа и Северна Америка може да предизвика здравствени потешкотии и да има низа штетни последици, тврдат научници од Универзитетот Колорадо.

Преминувањето на летното сметање на времето краткорочно значи дека еден час денот ќе биде пократон, но долгорочно донесува подолго траење на денот во текот на шест месеци од крајот на март до крајот на октомври.

Меѓутоа, научните истражувања покажале дека поместувањето на часовникот од 2 на 3 часот во недела на 26ти март, веројатно ќе резултира со зголемен број срцеви и мозочни удари, ќе предизвикаа тпоголем број автомобилски несреќи и ќе ја намалат работната ефикасност.

Научниците сметаат дека тоа нема да резултира со намалување на потрошувачката на електричната енергија, спротивно на некогашните верувања. Тие тврдат дека дури и помало пореметување на обрасците на спиење може да има значајни последици.

Нашата студија укажува на тоа дека наглите, па и помали ритами на сонот можат да имаат штетен ефект, истакнал Амнит Санду за Универзитетот во Колорадо, чија студија на болнички податоци открила скок на бројот на срцеви удари за 25% во понеделник, ден по промена на сметање на времето.

Летното сметање на времето, кое ова година трае до 29 октомври е усвоено за време на Втората светска војна како мерка за заштеда на електричната енерија. Логиката била дека траењето на денот значи дека луѓетп помалку време ќе поминуваат со електрично светло.

Праксата била установена и во поголемиот дел од Северна Америка и Европа, но не и во останатиот дел од земјите во светот.

 

Loading...