На иницијатива на советникот Самет Салиевски, денеска во протоколарна посета на Општина Куманово беше Јолџи Шаља, министер за заедници и враќање на народи од Косово.
Шаља на билатерална средба со градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски бил запознаен со состојбите во градот, етничките права на Ромите, но и имплементацијата на оваа малцинство и достигнувањата за употреба на ромскиот јазик во градот, но главна тема на разговорот било како да се изнајдат можности Ромите кои пред околу 17 години го напуштиле Косово, да се вратат назад.
Го запознав со нашите достигнувања во однос на имплементација на декадата на ромите околу домување, едукација, здравство, се она што невладиниот сектор во изминатиот период пред 10 годиини ги имплементаишраше на ниво на Куманово, го запознав со новите проекти за речните корито и регулација во населбата Средорек, со што се создаваат реални услови за живеење и легализација на дивоизградените објекти, за Дневниот центар за Ромите во „11 Октовмиври“ на неколку теми отворивме дебата, главната тема за која денеска зборувавм е е реадмисија на Ромите кои во бегласката криза во воените дејствија во Јужна Србија и Косово кога имавме масовен егзодус на луѓе и имаше голем број Роми кои беа иселени, еден дел се вратени, но има и други кои останале кои се импактирале во општеството, сега се прави една заложба под покровителство на европската заедница за враќање на тие луѓе и овозможување на услови за нивното ресоцијализирање во Косово, тоа беше главната тема за кој денеска зборувавме – изјави Дамјановски.
Заменик министерот Јолџи Шаља, вели дека се запознал со позитивната состојба на Ромите кои живеат во Куманово и дека многу Роми се вработени во јавните институции.
Ова е прва средба и верувам дека ќе воспоставиме и други состаноци на ниво на Република Косово и Македонија поврзани со ромската заедница. Ние мораме да се заблагодариме на Република Македонија дека во 1999та година голем број Роми од Косово живееа во Македонија. Сега состојбата е променета повеќе од тие луѓе кои живееа во кампови се вратија во своите домови, нашето министерство за враќање и заедница направи повеќе работи со европските организациии за да ги врати луѓето кои излегоа од Косово – изјави Шаља.
И Шеља и Дамјановски се сложија дека средбата има позитивен аспект, затоа што ќе се цели кон идентификација на оние кои ќе сакаат да се вратат на Косово и да се разгледаат можностите за таква акција.