Поднесена кривична против кумановецот кој се обиде да силува сограѓанка

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.В. (42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 21.09.2016 година околу 15.00 часот дошол во дворот на оштетената Ж.Б. во село Бајловце и со употреба на физичка сила се обидел да изврши силување над истата. Во еден момент оштетената успеала да побегне по што го пријавила настанот во СВР Куманово.