Неексплодирана граната пронајдена во село Матејче

Сподели со своите пријатели

  Вчера околу 15,40 часот во селото Матејче – кумановско, во својата нива на влезот во селото, М.О.(34) пронашол неексплодиран проектил од непознато оружје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово, во содејство со пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, од чија страна било констатирано дека се работи за граната за рачен топ Кастиор, калибар 40мм.

Гранатата е подигната од лице место од страна на пиротехничар од ДЗС за понатамошна постапка.