Две лица, од кои еден мештанин на липковско Слупчане, а вториот државјанин на Турција, добија кривични пријави за нелегален увоз на јод.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.Б.(41) од Турција и А.Д.(57) од с.Слупчане, липковско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство, постапување и промет со опасни материи, штетни организми, семенски материјал или саден материјал“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, првопријавениот, без да поседува соодветна дозвола за вршење промет со хемикалии, извршил противправен увоз на опасна токсична хемиска супстанца-елементарен јод (99,9%) во вкупна количина од 25 килограми од Турција по претходен договор со второпријавениот, кој бил задолжен за преземање на хемиската супстанца.
Никола Ивановски

