Силни дождови и поплави ја погодија Кина, загинаа најмалку 12 лица

Сподели со своите пријатели

Силни дождови и поплави ја погодија Кина оваа недела, при што загинаа најмалку 12 лица и десетици илјади беа принудени да се евакуираат, објавија државните медиуми.

Државниот радиодифузер CTV денес објави дека пет лица загинале, а 11 се водат како исчезнати во округот Симен во централната кинеска покраина Хунан откако обилните дождови ја погодија областа.

Во тек е спасувачка операција.

До синоќа, повеќе од 19.000 луѓе беа преместени, објави официјалната новинска агенција Синхуа.

Синхуа соопшти дека земјата регистрирала кумулативни врнежи од дожд од 339 милиметри во 24-часовниот период што заврши во 7:00 часот наутро во понеделник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина демантираше дека Си му рекол на Трамп оти Путин ќе зажали за Украина

Еден од градовите регистрирал 240 милиметри дожд за само неколку часа, со што ги срушил историските рекорди, додаде Синхуа.

Во соседната покраина Хубеи, улиците биле претворени во реки, а спасувачите морале да користат гумени чамци за да им помогнат на заробените локални жители.

Некои куќи биле поплавени или урнати, објави Синхуа. Агенцијата објави дека според билансот во вторник наутро, три лица загинале, а четворица се водат како исчезнати.

CTV вчера објави дека обилните дождови и поплавите предизвикале четири смртни случаи и дека пет лица се водат како исчезнати во покраината Гуиџоу во југозападна Кина, објавува Бета-АП.

Во делови од земјата, куќите биле поплавени, патиштата биле оштетени, а комуникациите биле прекинати, објави телевизијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајланд го скратува престојот без виза на 30 дена

Повеќе од 3.700 луѓе биле евакуирани во една област.