Кумановец заврши во полициска станица по напад врз неговата мајка

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишен кумановец бил приведен по пријава дека физички ја нападнал својата мајка.

– На 09.05.2026 во 22:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С.(49) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  25-годишник украл паричник од паркирано возило во Куманово