Крузерот со заболени од опасниот хантавирус ќе биде закотвен во Европа

Сподели со своите пријатели

Крстосувачот „МВ Хондиус“, на кој избувна епидемијата на хантавирус, отплови кон Канарските Острови од Зелен ’Рт, каде што во моментов е закотвен, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Шпанското Министерство за здравство потврди во вторник вечерта дека ќе го прими бродот „MV Hondius“ на Канарските Острови „за три или четири дена“, но сè уште не е одлучено во кое пристаниште во Шпанија ќе се закотви бродот потоа.

Тројца патници починаа откако бродот ја напушти Аргентина на патување преку Атлантикот пред околу еден месец.

Најавена е итна евакуација на неколку заразени патници од бродот со медицински опремен авион – британските и холандските членови на екипажот, кои развиле респираторни симптоми, ќе бидат евакуирани преку Зелен ’Рт, по што ќе бидат префрлени во Холандија за понатамошен третман, објави Гардијан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Француски брод нападнат во Ормускиот теснец

Операцијата е координирана од надлежните европски и меѓународни здравствени институции.

Шпанија соопшти дека бродот ќе биде примен на Канарските Острови во наредните денови, каде што патниците и екипажот ќе бидат медицински прегледани, згрижени, а потоа репатрирани во нивните матични земји.

На бродот, кој се наоѓа во Атлантскиот Океан со околу 150 патници и членови на екипажот од 23 земји, се регистрирани неколку случаи, а најмалку три лица починаа, додека два случаи се лабораториски потврдени како хантавирус.

Според Светската здравствена организација (СЗО), се сомнева дека е ретка форма на пренесување од човек на човек меѓу блиските контакти, што вклучува луѓе кои делеле кабини или биле во близок контакт на бродот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Загрозено производството на основни лекови во Европа

Според здравствените служби, досега се пријавени седум сомнителни случаи, вклучувајќи починати патници, додека тестовите и епидемиолошките истражувања продолжуваат.

СЗО и националните служби ја следат ситуацијата и спроведуваат мерки за контрола на инфекциите на бродот.