Јапонија: 1.633 хектари изгореа за 11 дена

Сподели со своите пријатели

Во шумскиот пожар во североисточна Јапонија, кој беше ставен под контрола по 11 дена, изгореа 1.633 хектари земја, од кои дел беше под шума, објавија денес официјалните лица.

Противпожарната служба соопшти дека тоа е втората најголема област погодена од пожар во Јапонија за повеќе од 30 години, пренесува Кјодо.

Пожар што избувна на 22 април во Отсучи, префектурата Ивате, изгоре вкупно осум згради, објави Агенцијата за управување со пожари и катастрофи.

„Бевме информирани дека ситуацијата може да се означи како „под контрола“ откако го посетивме подрачјето со противпожарните власти. Но, ќе продолжиме да бидеме внимателни бидејќи постои можност жарот да остане“, изјави градоначалникот на тој град, Козо Хирано, според Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија забрзано се подготвува за војна? Овде ќе „пумпаат“ најмногу пари