Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на помошниците да се подготват за продолжена блокада на Иран, со цел да се изврши економски притисок врз Техеран да се согласи на нуклеарни отстапки, соопштија американски претставници, објави „Волстрит џурнал“.
Според нивните наводи, на неодамнешните состаноци, вклучително и дискусија во Контролната соба, Трамп одлучил да го зголеми притисокот врз економијата на Иран и извозот на нафта со спречување на испораките до и од иранските пристаништа.
Овој пристап бил оценет како помалку ризичен во споредба со алтернативите како што се продолжување на бомбардирањето или целосно повлекување од конфликтот, се вели во соопштението.
Тој проценил дека неговите други опции – продолжување на бомбардирањето или повлекување од конфликтот – носат поголем ризик отколку одржување на блокадата, соопштија претставници.
Заменичката портпаролка на САД, Ана Кели, изјави за американскиот весник дека блокадата наводно му овозможува на Вашингтон да „врши максимално влијание“ врз иранската влада.
Таа појасни дека Белата куќа ќе донесе одлука што ќе ја обезбеди националната безбедност на САД, пренесува „Танјуг“.

