Напад во јужен Либан: двајца израелски војници ранети, еден напаѓач убиен

Сподели со своите пријатели

Двајца војници на израелските одбранбени сили (ИДФ) се ранети во напад на двајца борци во селото Силвад во јужен Либан, соопшти ИДФ, додавајќи дека едниот напаѓач е убиен, а другиот уапсен.

Ранетите војници се евакуирани на медицинска помош, објави Ал Џезира.

Според либанската Национална новинска агенција, воздушни напади се извршени во зори врз градот Ханин, каде што се уништени неколку куќи.

Нападите следеа по експлозиите во текот на ноќта во Накура, како и по воздушните и артилериските напади во градот Кјам, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ во Советот за безбедност: Мирот на Блискиот Исток е можен само со решение за две држави