Напаѓачот од вечерата на Трамп денеска ќе се појави пред суд, официјално ќе биде обвинет

Сподели со своите пријатели

Мажот осомничен за пукање на саботната вечера на дописниците во Белата куќа во Вашингтон денеска треба да се појави пред судот.

Американските медиуми го идентификуваа како 31-годишниот Кол Томас Ален од Торенс, Калифорнија.

Американскиот јавен обвинител Тод Бланш рече дека прелиминарните наоди покажуваат дека осомничениот таргетирал членови на администрацијата на Трамп и дека самиот претседател Доналд Трамп бил „веројатна цел“.

Ален денеска се очекува официјално да биде обвинет за напад на федерален функционер и употреба на огнено оружје за време на извршување на насилно злосторство, а Бланш најави дека подоцна ќе следат дополнителни федерални обвиненија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран нуди компромис, но без нуклеарна програма - Трамп не е задоволен

Полицијата во неделата потврди за CBS News, американскиот партнер на Би-Би-Си, дека осомничениот бил приведен во градската полициска станица во северозападниот дел на Вашингтон.

Во текот на денешниот ден тој ќе биде префрлен во притворот во југоисточниот дел на главниот град.

Неполн час по инцидентот, претседателот Трамп, потсетуваме, на својата социјална мрежа Truth Social објави: „Напаѓачот е уапсен“.

Тој подоцна сподели фотографија на која се гледа апсењето на осомничениот.

На фотографијата се гледа како човек без кошула лежи со лицето надолу на тепих, со рацете со лисици зад грб, додека тројца полицајци стојат зад него.