Ким Џонг Ун откри споменик на војниците загинати во војната меѓу Русија и Украина

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов открија споменик во Пјонгјанг за Севернокорејците кои загинаа борејќи се во руско-украинската војна, јавува денеска Би-би-си.

Додека Ким и Белосов ја откриваа статуата и го отворија меморијалниот музеј, воените авиони летаа над областа и беа пуштени бели балони.

Не е познато колку севернокорејски војници се борат во Украина, но јужнокорејското разузнавање проценува дека најмалку 15.000 се испратени да ѝ помогнат на Русија да заземе делови од западен Курск.

Сеул проценува дека околу 2.000 Севернокорејци загинале во конфликтот; ниту Пјонгјанг ниту Русија не објавија официјални податоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД им дадоа зелено светло на Филипините да продолжат да купуваат руска нафта

„Како и секогаш, целосно ќе ја поддржиме политиката на Руската Федерација“

Се верува дека Северна Кореја добила храна, пари и техничка помош од Москва во замена за испраќање војници. Отворањето на Меморијалниот музеј на борбени подвизи во прекуокеанските воени операции вчера се совпадна со она што Русија го опиша како првата годишнина од враќањето на делови од Курск.

Украина започна ненадеен упад во Курск во август 2024 година. Русија рече дека повторно воспоставила целосна контрола врз регионот една година подоцна. Ким го уверил Белоус дека Северна Кореја „како и секогаш целосно ќе ја поддржи политиката на Руската Федерација во одбрана на националниот суверенитет, територијалниот интегритет и безбедносните интереси“, според државните медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Арагчи пристигна во Санкт Петербург на разговори со Путин