Неделна прогноза за Куманово: Што нѐ очекува за продолжениот викенд?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу петтиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 22 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово со нова победа во плеј-оф лигата, „падна“ и Струга

 

 

И утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 24 степени целзиусови.

Среда носи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 8 до максимални 23 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме облачно време и драстичен пад на температурата. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој на моменти ќе достигне брзина и до 50 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу два степени, а максимумот ќе достигне само 13 степени целизусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ронин Доџо од Куманово со пет медали на „Шотокан Куп 2026“ во Србија

 

 

За време на празникот 1ви Мај, ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но без додж. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу третиот степен, а максималната дневна ќе се искачи до 14 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне 15 степени целзиусови.

Неделна носи променливо време, со услови и за сонце, но и за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, а максималната дневна ќе достигне 17 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска три села во кумановско

 

 

Слично време ќе имаме и во текот на следната недела, со пораст на температурите од среда.

Никола Ивановски