Приведен 53-годишен кумановец кој се заканувал на сограѓанин

Сподели со своите пријатели

Педесет и тригодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека упатувал закани кон сограѓанин.

– На 23.04.2026 година во 18:05 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.С. (53) од Куманово, затоа што се заканувал кон А.Р. (36), информираат од Секторот за внатрешин работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  42-годишна кумановка возела без дозвола, полицијата ја привела