ЗНАМ: Постигнат консензус за повисоки критериуми и дополнувања во законите за високото образование

Сподели со своите пријатели

Претставници на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, потпретседателите Павле Арсоски и Борче Серафимовски, како и координаторот на пратеничката група во Собранието Бобан Карапејовски, оствариле средба во просториите на Министерство за образование и наука со министерката Весна Јаневска.

Како што информираат од ЗНАМ, тема на разговор бил „пакетот закони од областа на високото образование и науката – Законот за високото образование, Законот за квалитет во високото образование и Законот за научноистражувачката дејност“.

„Низ конструктивен разговор беа постигнати неколку дополнителни појаснувања и формулации што ќе бидат дел од овие закони“, се наведува во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пазарниот инспекторат со засилени контроли на пазарот на ѓубрива

 

 

Во однос на приватните високообразовни институции, било заклучено дека „се допрецизира и се уточнува начинот на давање банкарска гаранција на овие институции“.

Дополнително, од ЗНАМ посочуваат дека „изборите во звање ќе бидат со повисоки критериуми“, при што е постигнат консензус „дека во областа на лингвистиката, покрај базите Веб од сајнс и Скопус, ќе се земе предвид и базата ЕБСЦО“.

„Овие закони се добра основа за натамошен развој на високото образование и на науката“, се додава во реакцијата, при што се нагласува дека станува збор за области „во кои државата постојано треба да вложува, да ги унапредува и да ги развива, и преку перманентно следење и подновување на законската регулатива“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ: „Укинувањето на Пржинската влада не е автократија, туку лицемерие е тоа што го тврди СДСМ“