Иран успешно извезува нафта во Кина и покрај блокадата: Еве како го надмудрија американскиот систем

Сподели со своите пријатели

Иран успеа да ги заобиколи ограничувањата во Ормутскиот теснец користејќи го пристаништето Јаск во Оманскиот Залив, од каде што танкерите можеа да товарат нафта и директно да влезат во отворени води без да мора да минуваат низ Ормутскиот теснец, објави иранската новинска агенција Тасним.

Помеѓу 13 и 22 април, фирмата за анализа на податоци Вортекс регистрираше 35 преминувања на американската блокада, што вклучуваше враќање на бродови поврзани со Иран или оние под санкции, а овие операции дозволија најмалку 10,7 милиони барели иранска сурова нафта да поминат низ Ормутскиот теснец.

Оваа недела, иранската влада ја зацврсти својата контрола врз Ормутскиот теснец со тоа што почна да ги собира првите транзитни такси, а тие приходи беа депонирани во Централната банка, според Тасним.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Не се плашиме од реториката на Трамп, ќе добие соодветен одговор

Претседателот на парламентот Мохамед Багер Калибаф изјави дека Иран нема да дозволи другите земји слободно да минуваат низ оваа рута додека извозот од Иран се соочува со ограничувања.

Според новите услови наметнати од Техеран, премин ќе биде дозволен само на комерцијални бродови кои претходно добиле дозвола од Иран.

САД воведоа блокада на Ормутскиот теснец за сите бродови што одат до или излегуваат од иранските пристаништа, како одговор на блокадата на Ормутскиот теснец од страна на Иран, низ кој минува една петтина од извозот на нафта и течен природен гас на меѓународниот пазар, до танкери од земји што ги означи како непријателски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран прави исклучок: Русија ослободена од патарини низ Ормутскиот теснец