Иран: Не се плашиме од реториката на Трамп, ќе добие соодветен одговор

Сподели со своите пријатели

Потпретседателот на Иран ги предупреди Соединетите Американски Држави дека ќе се соочат со одмазда „око за око“ во случај на напад врз нафтените постројки на Иран.

Неговите изјави доаѓаат во време на зголемени тензии и по повторените закани од американскиот претседател Доналд Трамп, пишува „Гардијан“.

Во изјава објавена од агенцијата „Мехр“, Есмаил Сакаб Есфахани рече дека секој напад ќе предизвика директен контранапад.

„Доколку непријателот направи уште една грешка, нашата стратегија ќе биде „око за око“.

Тој, исто така, ја увери иранската јавност со пораката дека не треба да се грижат за снабдувањето со енергија бидејќи се направени „сите потребни подготовки“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран успешно извезува нафта во Кина и покрај блокадата: Еве како го надмудрија американскиот систем

„Не се плашиме од реториката на Трамп“

Коментирајќи ги заканите на американскиот претседател, Есфахани беше јасен:

„Не се плашиме од реториката на Трамп, тој ќе добие соодветен одговор“.

Тој додаде дека иранскиот преговарачки тим „го ставил непријателот во ќош на преговарачката маса“.

Доналд Трамп постојано се заканува со напади врз иранските нафтени постројки и електрани, што би претставувало драстична ескалација на конфликтот што веќе предизвика нарушувања на светскиот пазар на нафта.