Северна Кореја и Русија ја зајакнуваат соработката во областа на јавната безбедност

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот министер за јавна безбедност Панг Ту Соп и рускиот министер за внатрешни работи Владимир Колоколцев разговараа за продлабочување на соработката во спроведувањето на законот и размена на искуства, вклучително и размена на информации за криминалот и шверцот со дрога.

Според агенцијата KCNA, двете страни се согласија да ја прошират соработката меѓу министерствата, додека руската страна ја нагласи потребата од поинтензивна размена на податоци за случаи на трговија со дрога и други прекугранични криминални активности, објави Јонхап.

За време на посетата, Колоколцев го покани севернокорејскиот министер да ја посети Москва, а присуствуваше и на демонстрација на обука за стрелаштво од страна на припадници на севернокорејските безбедносни сили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија ја нападна Украина со над 200 дронови

Разговорите се одржуваат во период на зголемена соработка меѓу двете земји, вклучително и во воената и економската сфера, и по извештаите за присуство на севернокорејски сили во поддршка на руските операции во Украина.

Според информациите на KCNA, министерствата потпишале и план за размена на делегации за периодот 2026-2027 година, а се очекува и завршување на инфраструктурни проекти што би можеле да го зголемат прекуграничниот сообраќај меѓу двете земји.