Дваесет и двегодишник од Куманово бил приведен во селото Љубодраг поради возење со брзина од над 100 километри на час.
– На 19.04.2026 во 17:15 часот во село Љубодраг, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.А.(22) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при контрола со радар било констатирано дека М.А. управувал патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 105 километри на час, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

