Полицијата затекнала 17 малолетници во центарот по полноќ, ги предала на родителите

Сподели со своите пријатели

Седуманесет малолетници открила полицијата во центарот на градот по полноќ за два часа акциска контрола викендов.

– Врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 00.00 до 02.00 часот на 19.04.2026, полициски службеници од СВР Куманово презедоа превентивни мерки за спречување на девијантни појави од страна на малолетници, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, извршени биле контроли на неколку локации во централно градско подрачје.

– Извршено е легитимирање на 25 лица, од кои за 17 било утврдено дека се малолетни и биле предадени на нивните родители, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Еве кога доаѓа дожд

Никола Ивановски