Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа долж североисточниот брег на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Епицентарот на земјотресот е лоциран во близина на брегот на Санрику, на истокот на земјата, на длабочина од 10 километри.
Предупредување за цунами беше издадено и за делови од североисточниот дел на земјата. Упатени се предупредувања до крајбрежните области, заедно со издавање препораки.
На жителите им било кажано: „Веднаш евакуирајте се“.

