Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багеи ги негираше тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Техеран се согласил да дозволи трансфер на збогатен ураниум во САД.
„Збогатениот ураниум за нас е свет исто како и иранската почва и нема да биде пренесен никаде под никакви околности“, рече Багеи, пренесе новинската агенција Тасним.
Трамп во петокот за Си-Би-Ес изјави дека Техеран „се согласил на сè“ и дека ќе соработува со САД, кои, според него, ќе го отстранат збогатениот ураниум од Иран.
Трамп изјави за Блумберг дека Иран се согласил да ја прекине својата нуклеарна програма на неодредено време.
Тој во телефонска изјава рече дека договорот за завршување на војната во Иран е во голема мера готов и повтори дека разговорите за траен договор „веројатно“ ќе се одржат викендов, пренесува Танјуг.

