Дваесет и шестгодишник од Куманово бил приведен вчера откако се заканувал на вработени и со тврд предмет го оштетил продажниот објект.
– На 14.04.2026 во 11:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(26) од Куманово затоа што во продажен објект на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово, сопственост на В.М.(40) од Куманово, се заканувал кон вработени и со употреба на тврд предмет го оштетил објектот, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

