Педесет и осумгодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека бил агресивен и се заканувал на неговата партнерка и нејзиното семејство.
– На 13.04.2026 во 12:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиja од слобода Н.И. (58) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал и и се заканувал на неговата партнерка и членови од нејзиното семејство, информираат од Секторот за внатршени работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

